НИЕ СМЕ PICCADILLY S
Посветени и мотивирани за нови професионални успеси
КРАТКО ЗА НАС
Целата приказна започнува во 1994 година кога Пикадили С го отвара своето прво училиште. Упорноста, креативнoста и големата посветеност на вработените резултираше со голем успех кај нашите слушатели кои воедно се нашата најголема реклама.

Како што се нижеа успесите така училиштето доживуваше експанзија која резултираше со отварање на 6 нови училишта. Дологогодишната успешна соработка сo British Council во однос на подготовка за меѓународни испити и соработката со Cambridge University за организирање Pre-testing за следниве испити:  FCE, CAE, BEC, IELTS, TOEFEL итн. е уште една потврда за нашето успешно работење.
НАШИОТ КАДАР
Силата на училиштето лежи во стручноста и компетентноста на нашите професори.
Сите професори се дипломирани и акредитирани како од македонските така и од странските институции.
Нивната посветеност и мотивираност ги води кон понатамошни професионални успеси.
НАСТАВА
Наставата се одвива во училници опремени со најсовремени надгледни технички сретства. Целокупната настава се одвива според однапред утврден план и програма, почнувајќи од предучилишни, преку училишни, интензивни, па се до специјализирани курсеви. Степените на слушателите се определуваат преку влезни тестови, а големините на групите се соодветно големи за овозможување интерактивна настава. Пикадили С нуди голем избор на општи и специјализирани курсеви и нивоа.
ПОТВРДА ЗА КВАЛИТЕТ
Големиот број на наши слушатели кои активно и професионално успешно го употребуваат јазикот се само една потврда за нашиот квалитет. Следна потврда за квалитет се бројните сертификати за успешно положени меѓународни испити на нашите слушатели. Во 2010 година потврдата за овој квалитет се зацврстува преку добивањето на ISO 9001:2008 Стандардот за квалитет.
Piccadillys работи согласно стандардот за квалитет ISO 9001од 2010. Првата сертификација по ISO 9001:2008 беше во 2010 година, а потоа во 2013 ресертификација.